2 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈА18-то издание на Летниот Академски Курс (ЛАК) во организација на БЕСТ Скопје...

18-то издание на Летниот Академски Курс (ЛАК) во организација на БЕСТ Скопје ова лето!

Алката што недостасува во сечиј студентски живот!

Овој настан, кој што прерасна во децениска традиција, е синоним за врвно студентско комплементарно образование, стручно доусовршување, но и интеркултурно запознавање со млади луѓе од сите краеви на Европа.

Вакви несекојдневни искуства се клучен дел од академскиот живот без кои не може целосно да се заокружи студентското искуство.

БЕСТ Скопје (Борд на Европски Студенти по Технологија) по 18-ти пат го организира Летниот Академски Курс меѓу бројни други настани, саеми за вработување, симпозиуми за едукација, инженерски натпревари, студентски размени и работилници. Ваквите настани помагаат при развојот на тврдите и меките вештини на студентите, им помагаат да се истакнат на пазарот на трудот, им овозможуваат прилики за вмрежување, но значајно им влијаат и на социјалниот и личниот развој.

БЕСТ е непрофитна, неполитичка, волонтерска организација која функционира во 83 ограноци (“локални групи”) ситуирани на различни универзитети низ 30 држави во Европа. БЕСТ Скопје е единствената македонска локална група која е дел од оваа голема европска фамилија!

Оваа година, Летниот Академски Курс се одржува во Скопје, од 16-ти до 24-ти јули и е во соработка со врвниот професорски кадар на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство (ФИНКИ). Професорите за време на академските активности, до странските и домашните учесници, ќе имаат за цел да ги доближат концептите на најактуелната тема на денешницата, а без сомнеж и на блиската иднина: вештачката интелигенција! 

На крајот на секој курс, учесниците полагаат завршен испит, со чие положување се стекнуваат со сертификат за успешно завршен курс од академски карактер.

Но, овој настан не е само учење! Неминовен дел од убавината на академските курсеви се и новите пријателства стекнати со колеги од разни европски држави, незаборавните дружби и новите спомени кои никогаш нема да се заборават. За време на курсот, студентскиот дух и жар се најживи од било кога!

Ако си студент на УКИМ и имаш амбиција да се надоградиш на овие стручни теми, но и ако сакаш Летниот Академски Курс да ти биде најдобриот спомен ова лето, пријави се на следната форма и повели на нашите социјални медиуми каде што можеш да дознаеш повеќе за курсот, како и за БЕСТ Скопје!

Facebook: https://www.facebook.com/bestskopje 

Instagram: https://www.instagram.com/bestskopje/ 

LinkedIn: https://mk.linkedin.com/company/best-skopje

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП