Клиниката Жан Митрев е во финални преговори за стратешко партнерство со Холандскиот фонд Balkan Alliance Healthcare. Преговорите се однесуваат за влез на Фондот како партнер во Клиниката што ќе овозможи оваа врвна здравствена установа да ги проширува своите дејности и да ги подигне уште на повисоко ниво стандардите во медицината во Македонија.
„Ова стратешко партнерство е поддршка на веќе започнатиот проект за прераснување на Клиниката Жан Митрев во регионален медицински центар. На овој начин стануваме финансиски помоќни за да растеме побрзо и да се развиеме во вистински регионален центар за здравствени услуги со највисоки стандарди. Според договореното доктор Жан Митрев како и досега така и понатаму ќе ја предводи целата операција на трансформација на Клиниката во регионален центар каде учат и се развиваат и нови кадри на лекари во делот на кардиохирургијата и останатите дејности. Ќе се овозможи и поголема соработка со експерти од странство, а нашиот know how ќе биде искористен за медицинските центри во сопственост на Холандскиот фонд што значи проширување на дејноста на Клиниката Жан Митрев на регионално ниво“, изјавија од Клиниката Жан Митрев.

