7 мај, 2024
ПочетнаСВЕТБлинкен: Америка не ја поддржува независноста на Тајван

Блинкен: Америка не ја поддржува независноста на Тајван

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави денеска во Пекинг дека Вашингтон не ја поддржува независноста на Тајван.

Тој рече дека САД ја поддржуваат политиката на една Кина, што значи дека има само една кинеска влада.

„Таа политика не е променета. Ние не ја поддржуваме независноста на Тајван, Америка не сака да го промени статус квото“, изјави Блинкен, пренесе Би-Би-Си.

Сепак, тој додаде дека му ја пренел на кинескиот претседател Си Џинпинг загриженоста на САД за „провокативните акции“ на Кина во Тајванскиот теснец.

Тој ги нарече „конзистентни“ односите меѓу Кина и САД.

„Двете држави имаат обврска да одржуваат таков однос, да бидат одговорни“, рече Блинкен и додаде дека тој и Кси се усогласени со „многу заеднички транснационални интереси“.

Блинкен рече дека неговите разговори со кинескиот врв биле конструктивни.

Тој појасни дека дошол во Кина за да ја зајакне комуникацијата меѓу двете земји и да разјасни за кои прашања се согласуваат, а за кои не.

„Сето тоа го решивме. Потребно е да се стабилизираат односите меѓу двете земји“, изјави Блинкен.

Тој рече дека имал „голем разговор“ со Кси за глобалните прашања, вклучувајќи ја и руската војна против Украина.

И додаде дека конкуренцијата со Кина никогаш не смее да се претвори во конфликт.

Освен за Украина, Блинкен со Кси разговарал и за Северна Кореја.

„Државите ширум светот имаат заеднички интерес за Северна Кореја дека мора да има одговорност, вклучително и запирање на ракетните тестови“, објасни Блинкен.

Американскиот државен секретар рече дека Вашингтон и понатаму е „длабоко загрижен“ од „кршењето“ на човековите права од Пекинг, наведувајќи ги Ксинџијанг, Тибет и Хонг Конг.

Тој рече и дека на дневен ред го ставил прашањето за синтетички опиоиди и фентанил.

Фентанил е убиец број еден на Американците на возраст меѓу 18 и 49 години, нарекувајќи го производството и продажбата на лекот „криза во САД“.

Кина и САД сега разговараат за формирање работна група за да го прекинат протокот на хемикалии кои „помагаат да се поттикне оваа криза“.

Кога станува збор за економијата, Блинкен вели дека Америка „не се обидува економски да ја задржи Кина“.

„Фактите едноставно го побиваат тоа тврдење“, рече тој, наведувајќи ја зголемената трговија меѓу двете земји, што е „длабоко во наши интереси“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП