28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНови детали за еден од најинтересните телефони на преклопување

Нови детали за еден од најинтересните телефони на преклопување

Гласините зборуваат за моќен процесор и одлични камери, а ќе биде интересно да се види колку ќе чини телефонот.

Кога „Oppo“ го претстави својот прв смартфон со екран кој се преклопува, дел од технолошките медиуми го прогласија за можеби најдобриот модел на преклопување на пазарот. Оттогаш, компанијата го претстави својот наследник, како и уште еден смартфон кој може да се витка, моделот „N Flip“. Исто така, во тој период конкуренцијата не застана.

Беа претставени нови модели, а се појавија и некои нови играчи, како „Google“ со својот модел „Pixel Fold“. Ваквиот, сега уште поконкурентен пазар, „Oppo“ наскоро ќе го нападне со својот нов телефон на преклопување. Нема официјални информации, но гласините се зголемуваат и според нив, за два месеци би можеле да видиме како изгледа и што носи „Oppo Find N3“.

Дотогаш ќе ги следиме гласините, а според најновите информации кои ги обезбеди „GSM Arena“, ова би можело да биде навистина одличен телефон на кој многу луѓе би можеле да размислат кога купуваат уреди со флексибилни екрани.

Оттука, „Find N3“ треба да има надворешен екран од 6,5 инчи и уште поголем внатрешен екран од 8 инчи со резолуција од 2268×2440 пиксели, со стапка на освежување од 120 Hz. Ќе се напојува со најмоќниот чипсет на Qualcomm (Snapdragon 8 Gen 2) и ќе има до 16GB RAM и дури 1 TB простор за складирање податоци.

Капацитетот на батеријата ќе биде 4.805 mAh, па заедно со поддршката за полнење од 80 W преку кабел, телефоните од оваа серија за прв пат ќе поддржуваат и безжично полнење.

„GSM Arena“ исто така споменува дека новиот „Oppo Find N“ ќе ја има најдобрата оптика досега – главна камера од 50 MP, ултра широка камера од 48 MP и камера со зумирање со перископ од 32 MP. На предната страна ќе има селфи камера од 32 MP.

Официјални информации за овој телефон, вклучувајќи ја и неговата цена, би требало да добиеме во текот на август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП