2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГо дочекавме и тој ден, цариниците и даночниците да бараат повисоки плати!

Го дочекавме и тој ден, цариниците и даночниците да бараат повисоки плати!

Се повеќе вработени во јавни институции решаваат да го кренат гласот, да протестираат и штарајкуваат за подбри работнички права. Во последниве две недели серија на протести се случија во државни институции бидејќи вработените бараат повисоки плати. До сега никогаш вработени во УЈП и Царинската управа не биле во ваква ситуација. Нивните предупредувања се загрижувачки, доколку даночниците решат да стапат во генерален штрајк, тоа ќе значи колапс на државата, а ако истото го направат и цариниците – а тие веќе најавија блокада на граничните премини, е тогаш Македонија ќе биде изолирана држава. Властите се надеваат дека тоа нема да се случи.

И оваа недела вработените во УЈП нема да ги извршуваат своите работни задачи од 10 до 12 часот. Ги замолуваат граѓаните на трпение и еден вид на солидарност бидејќи како што велат се обидуваат да си ги подобрат работничките права. Вработените од Управата за јавни приходи нема да се повлечат од барањата и натаму се на став дека треба да добијат зголемување на платите за 30 отсто.

„Бараме зголемување на платите согласно закон кој што е во примена, и дополнително по истото законско решение на определена категорија на вработени во УЈП им се исплаќаат платите по тој договор. Се уште имаме надеж дека објективно ќе се свати работата и сите ќе постапиме согласно прописите на законот и ќе добиеме писмена согласност од министерот Бесими“, велат од синдикатот во УЈП.

Втората институција која ја изненади јавноста дека ќе ја блокира работата е Царинската управа. Помалку чудно за граѓаните, но и цариниците сметаат дека треба повеќе да заработуваат. Предупредувачки протест веќе имаа, доколку новото раководство заедно со Владата не им ги зголеми платите предупредија дека ќе стапат во штрајк, односно ќе ги блокираат граничните премини, а тоа ќе направи вистински хаос во државата.

„Нашето барање е праведно и правично, законски издржано и како што вика нашиот народ не бараме преку леб погача туку го бараме само она што ни следува. Се надевавме дека конечно и на вработените во Царината ќе им се исплати додаток на плата од 30 отсто“, велат од синдикатот УПОЗ каде членуваат вработените од Царина.

Од владата велат наместо да ги решаваат проблемите на институциите поединечно, сите ќе ги задоволат со еден колектицвен договор кој ќе предвидува зголемување на платите и подобрување на работничките права. Но за тоа ќе биде потребно некое време, колку не прецизираат. Нема одговор ни од каде ќе се најдат пари, дали со ребаланс или со нов буџет следната година.

„Се работи на усогласување и потпишување на Општ колективен договор, кој ќе важи за сите вработени во јавниот сектор. Процесот е дефиниран, преговорите се водат и очекуваме да се усогласиме и да се заокружи целиот процес и методологијата“, велат од владата.

Повисоки плати последниов периот побараа лекарите, судската администрација, и останати вработени во државни институции. Најголем револт сите имаат поради зголемените плати на избраните и именувани лица за 78 отсто.

Неколку недели незадоволство има и кај уметниците. Пред владата се собраа музичарите од Македонската филхармонија кои јасно ставија до знаење дека до последно ќе се борат за својот објект кој како што велат го добиле по 77 години потстанарско функционирање.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП