5 мај, 2024
ПочетнаСВЕТПутин: Имаме повеќе наоружување од НАТО

Путин: Имаме повеќе наоружување од НАТО

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека нападите врз Русија, вклучително и Кремљ и регионот Белгород, се „обид да се испровоцира Руската Федерација на сериозни одмазднички акции“, вклучително и употреба на нуклеарно оружје. Но, како што најави Путин за време на говорот на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, Русија нема да користи нуклеарно оружје во Украина.

„Ако уништивме пет комплекси „патриоти“ во близина на Киев, зошто би уништиле која било зграда во Киев“, рече Путин, додавајќи дека не се преземаат сериозни одмазднички акции поради одредени мотиви, но тој одби да ги именува. „Ќе кажам подоцна“, му вети тој на модераторот на форумот Џејмс Сајмс.

„Сите чекаат да почнеме да ги притискаме копчињата, но нема да го сториме тоа, Киев нема воени успеси“, рече рускиот претседател, додавајќи дека „употребата на нуклеарно оружје во Украина е теоретски можна во случај на закана на постоењето на државата или територијалниот интегритет, но ние сега немаме таква потреба“.

„Имаме повеќе оружје од земјите на НАТО и тие сакаат да го намалиме. Како што вели нашиот народ – кој ги е“, рече шефот на Кремљ.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, се огласи по шокантната изјава на Путин: „Фразата „кој ги е..“, која се однесува на преговорите со Америка за намалување на нуклеарното оружје во нивна корист, не значи дека Москва го отфрла таквиот дијалог со Вашингтон. Русија е подготвена да преговара“, им објасни Песков на новинарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП