2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНаскоро пристигнува металниот S5?

Наскоро пристигнува металниот S5?

Germany Gadget Show Samsung

Многу популарната линија на „Samsung“ – „Galaxy“ досега е правена од сјајна пластика, меѓутоа, дали тоа ќе се промени на моделот „Galaxy S5“?

Веќе некое време се говори дека „Samsung“ планира во блиска иднина да понуди телефони кои ќе бидат направени од нешто полуксузен материјал, се со цел дополнително да и се спротивстават на конкуренцијата.

Како што пишува „Taipei Times“, „Samsung“ е веќе во преговори со тајванската компанија „Catcher Technology“ која прави метални куќишта за „HTC“ и „Apple“.

Доколку компаниите се договорат, „Samsung“ во февруари 2014-та година би можел да понуди смартфон кој нема да биде од пластика.

Ова исто така е моментот за кој многумина се сомневаат дека „Samsung“ ќе го претстави новиот паметен телефон „S5“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП