7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕконономските параметри позитивни ама само во очите на власта!

Еконономските параметри позитивни ама само во очите на власта!

Властите се уверени дека се на висина на задачата во однос на спревувањето со инфлаторните шокови, и подобрување на бизнис климата. Мерките кои Владата ги активираше за граѓаните и компаниите придонесе за намалување на стапката на инфлација но и за поддршка на стопанството. А потврда за ова од Илинденска број два велат дека се податоците на Државниот завод за статистика од каде велат дека очекуваат во следните неколку месеци инфлацијата да се намали под 10 отсто.

Но бизнисмените не се на став дека владата во приоритетните задачи ја има економијата. Граѓаните секојдневно реагираат на високите цени од кои веќе одамна ја имаат изгубено битката со куповната моќ. Експертите веќе се изјаснија за скептични дека работите ќе се подобрат во периодот што следи бидејќи сметаат дека прерано владата се откажа од мерката за замрзнати цени. 

Од владата велат дека борбата против инфлацијата не е лесна. Но сметаат дека со економските политики кои ги прават придонесуваат за подобар живот на граѓаните. Ставот на властите е дека бизнис климата е добра во земјава а потврда на тоа дава континуираниот раст на платите во приватниот сектор. Тоа е еден од начините како да се подобри куповната моќ на граѓаните и да се врати самодовербата на целокупното општество. Властите предупредуваат дека кризата која ги предизвика инфлаторните шокови се уште не е завршена. Мора внимателно да се постапува и менаџира се со цел да не се доведеме во ситуација повторно да се соочиме со истите предизвици, велат од Владата.

„Очекуваме раст на платите со двоцифрени стапки, тоа е реалност со оглед на фактот што успеавме да создадеме атрактивен економски амбиент за прилив на нови како домашни така и странски директни инвестиции кои креираат многу повисока додадена вредност, а воедно ќе ја зголемат продуктивноста на целокупната економија“, велат од Владата.

Опозициата пак, реагира дека власта само популистички се однесува во однос на водењето на економските политики. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека секогаш друг е виновен за лошата економија во Македонија, наместо да се фокусираат темелно за потребите на стопанството и подобрување на животот на граѓаните. За излез од ваквата состојба опозицијата потенцира дека е потребна само една работа. 

„Имаме зголемување на цените на сите продукти, а платите не пораснаа, потрошувачката кошничка чини многу, затоа има огорченост кај граѓаните. И бидејќи не прават ништо за граѓаните или спроведуваат несоодветни, лоши политики оваа Влада треба да си оди и да има избори“, велат од Владата

Од Стопанската комора пак апелираат дека им е потребно да се носат мерки за големите играчи, тие што го движат во нагорна линија економскиот раст на сите држави.

„Големите компании како локомотива на стопанството треба да бидат следени од страна на Владата бидејќи нивното работење, покренува работа и на илјадници мали компании и работни места кои без големите не можат да опстојат. Во услови кога не постои одговорност ниту поддршка од државата, кога во регионот но и глобално се уште демне неизвесност, кризи, конфликти, потребно е да се опстои на веќе формулираниот став дека големите компании со здружени средства може да се организираат и да набават електрична енергија по прифатливи цени, самостојно за свои потреби“, велат од Стопанската комора.

Народната банка пак доби пофалби од ММФ дека има преземено навремени и соодветни мерки коишто придонесуваат за одржување на финансиската и ценовната стабилност. Монетарците соопштија дека затегнувањето на монетарната политика дава резултати, што може да се види од забавувањето на инфлацијата. ММФ го оценува и банкарскиот систем како здрав и отпорен, со доволен капацитет за справување со можните шокови. Сепак, предупредуваат дека неизвесноста постои и од клучно значење е да се продолжи со водењето претпазливи политики.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП