7 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНово видео открива како настанале новите модели на „Motorola Razr“ (ВИДЕО)

Ново видео открива како настанале новите модели на „Motorola Razr“ (ВИДЕО)

Од своето основање, „Motorola“ е во првите редови на мобилната индустрија, создавајќи уреди за корисниците кои им го олеснуваат секојдневниот живот и ги носат најнапредните технологии по одлична цена.

„Razr V3“ ги постави стандардите за дизајн на мобилни телефони по неговото претставување во 2003-та година.

„Motorola“ продолжи да ги поместува границите на тоа како изгледаат телефоните на преклопување и што можат да им понудат на корисниците во согласност со нивната мисија да ја трансформираат технологијата и да понудат значајни решенија кои помагаат да се прилагоди секој телефон на потребите на неговите сопственици.

Имајќи ја предвид оваа филозофија, „Motorola“ ги претстави новите паметни телефони на преклопување „Razr“ – „Razr 40 ultra“ и „Razr 40“.

Двата уреди нудат премиум корисничко искуство, дизајн и напредни функции што не може да се видат кај другите модели.

Она што ги издвојува новите модели на „Motorola Razr“ е големиот надворешен екран од 3,6 инчи, најголем во индустријата, кој им овозможува на корисниците да го користат како главен дисплеј и да користат апликации на него, да одговараат на пораки и да ги следат најважните известувања без да го отворат телефон.

Покрај големиот надворешен дисплеј, новите „Razr“ модели носат и моќни спецификации кои вклучуваат брзи Snapdragon процесори, многу меморија, напредни системи на камери и долготрајни батерии кои обезбедуваат корисниците да не мораат да посегнуваат по полначот во текот на денот.

Сепак, најголемата предност на овие модели се нивните компактни димензии и разноврсност, што дава бројни нови можности што конкурентните модели моментално не можат да ги понудат.

Тоа е голема промена во дизајнот и техничката технологија во полето на преклопни телефони, а ние ви даваме мал увид во целиот процес на создавање на новите модели на „Motorola Razr“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП