1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕве колку чинат лежалките на плажа - поскапувањето се чувствува низ цела...

Еве колку чинат лежалките на плажа – поскапувањето се чувствува низ цела Турција, а најмногу во Анталија

И оваа летна сезона многу Македонци ќе отпатуваат во Турција на одмор, а многумина од нив веќе започнаа однапред да се распрашуваат колку чини изнајмувањето лежалки и чадори на плажите, со оглед на тоа што нема секој хотел сопствена плажа.

„Ме интересира моменталната цена на лежалките на плажите во Аланија“, напиша една средовечна госпоѓа на Фејсбук-групата „Турција-Инфо летување“.

Најпрво почнаа да ѝ одговараат македонските и српските туристи кои минатата година летувале во Турција, па како што напишаа, цената на една лежалка минатата година изнесувала 3 евра, а две лежалки чинеле 5 евра.

„Минатата година во Аланија плаќавме 5 евра за две лежалки, конкретно на плажата Клеопатра, а на другите плажи плаќавме 4 евра за две лежалки“, одговори еден господин.

Но, во коментарите се јавија и Македонци кои токму во моментов се на одмор во Аланија, па потврдија дека цените за изнајмување лежалки и чадори не се променети во однос на минатата година, но објаснија дека цените варираат од плажа до плажа.

Инаку, летувањето оваа година е поскапено од 10 до 20 проценти на сите дестинации, па така и во Турција.

Претставници на туристички агенции велат дека најголемо поскапување има во Анталија, каде што цената на хотелите се движат и до 2.000 евра по човек.

Поволна дестинација за македонски џеб, велат тие, е Аланија, каде што можете да летувате за 500 евра по човек.

Потоа следува Сиде каде што аранжманите во хотелите се на база „ол инклузив“, со бесплатно сместување за две деца, во просек по 800 евра по човек.

За најповолна дестинација се смета Саримсакли, каде што четиричлено семејство за одмор од 11 дена во хотел со три ѕвезди и со вклучен автобуски превоз може да летува за вкупно 1.300 евра.

Б.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП