4 мај, 2024
ПочетнаСВЕТЕвропската комисија го отфрли планот на Курти за решавање на кризата на...

Европската комисија го отфрли планот на Курти за решавање на кризата на северот на Косово

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, го коментираше предлогот за решавање на кризата на северот на Косово поднесен од косовскиот премиер Албин Курти, велејќи дека цени што ја гледа потребата од деескалација.

„Меѓутоа, вие не решавате некои од клучните елементи што ја предизвикаа кризата, а кои мора да се решат за да се врати мирот на северот на Косово“, напиша Борел во одговорот на Албин Курти, кој на Твитер го објави портпаролот на ЕУ, Питер Стано.

Курти претходно поднесе предлог од пет точки за деескалација на ситуацијата на северот на Косово до високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борело и до амбасадорите на земјите од Квинте. Во својот одговор Борел ги повтори чекорите за деескалација зад кои, како што рече, стојат 27 членки на ЕУ и САД.

Тој прв изјави дека градоначалниците треба да ја вршат работата од други локации, а не од општински згради и потсети дека на ова се придржуваат градоначалниците на Зубин Поток и Звечани.

Веруваме дека наскоро истото ќе го сторат и градоначалниците на Лепосавиќ и северна Митровица, кои се од вашата партија“, му напиша Борел на Курти.

ЕУ, исто така, побара прекин на полициските акции во близина на општинските згради на север и распишување избори во четири општини со мнозинско српско население.

За другите работи што Курти ги изнесе во предлогот, Борел рече дека нема да има неказнивост за насилството на 29 мај и дека ЕУЛЕКС ќе ја следи истрагата во согласност со својот мандат.

Европскиот функционер повтори дека е подготвен да организира средба меѓу Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ, под услов косовскиот премиер да биде подготвен прво да ја деескалира ситуацијата и да создаде услови за нови избори.

Зборувајќи за предлогот косовската полиција и КФОР или ЕУЛЕКС, според предлогот на Владата на Косово, да спроведат заеднички безбедносни проценки, Борел рече дека за тоа може да се разговара по деескалација, но дека тоа подразбира однапред координација.

„Со жалење забележуваме дека тоа не беше случај со вчерашната операција во северна Митровица“, рече Борел.

Тој го повика Курти да преземе „порешителни чекори“ кон деескалација на ситуацијата, во согласност со мерките предложени од ЕУ и САД.

„Само кога ќе се вратат мирот и стабилноста на северот на Косово, можеме да се концентрираме на нормализација на односите“, рече Борел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП