1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Јас во Карпош на базен, а она во Занзибар“ – сѐ повеќе...

„Јас во Карпош на базен, а она во Занзибар“ – сѐ повеќе Македонци летуваат на егзотични дестинации

Македонците најчесто летуваат во Грција, Црна Гора, Хрватска и Турција, но воопшто не е за занамарување ни бројот на нашинци кои се интересираат за патување на подалечните егзотични дестинации како што се Занзибар, Малдиви, Куба, Индија, Индонезија, па и Тајланд, велат туристичките агенции.

– Имаме понуди за сите граѓани, за сечиј џеб. Нашинците најчесто уплаќаат за одмор во Грција, Турција, Црна Гора и Хрватска, но има и такви авантуристи кои сакаат да искусат нешто што ќе го паметат целиот свој живот. Оти, реално глеадно, еднаш се оди на Занзибар, не можеш секоја година таму да одиш на одмор. А и цените би рекол дека се прилично прифатливи, иако, нели, се далеку повисоки од пакет-аранжманите за регионот – велат од една позната скопска туристичка агенција.

Оттаму појаснуваат дека цените за подалечните и егзотични дестинации се различни и зависат од повеќе фактори.

– Прво, многу е важно во кој период од годината сакате да патувате. Второ, важна е и далечината на земјата во којашто сакате да летувате, а важен е и изборот на хотелите. Најчесто цените се движат од 1.000 до 2.500 евра за едно лице, а во таа цена е вклучен авионскиот превоз, сместувањето и такси-превозот од аеродромот до хотелот и обратно. Конкретно за Занзибар, кој важи за исклучителна дестинација, цените на аранжманите во периодот од јануари до март се движат од 420 до 1.600 евра, во периодот од април до јуни се 360 до 1.100 евра, а во периодот од јули до септември се движат од 420 до 1.600 евра – објаснуваат од агенцијата.

Тие велат дека Македонците се интересираат и за поблиските далечни дестинации, особено во пролетниот период.

– Една од најатрактивните дестинации е Дубаи, но засега авионскиот превоз е сѐ уште премногу скап. Едно летање до Дубаи чини од 500 до 1.000 евра за еден чоек, па Македонците најчето се одлучуваат за Израел или за Египет – велат од туристичката агенција.

Во продолжение ви пренесуваме листа со дестинации кои би можеле некогаш да ги посетите, а за кои можете да пронајдете понуда во македонските туристички агенции:

  • Бали, Индонезија
  • Барселона, Шпанија
  • Белизе
  • Кејптаун, Јужна Африка
  • Доминиканска Република
  • Гватамала

Б.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП