5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКои електрични автомобили имаат најголем, а кои најмал домет?

Кои електрични автомобили имаат најголем, а кои најмал домет?

Возилата со повеќе од 300 милји или 480 километри се сè почести на американските патишта, додека во градовите на ЕУ сè уште преовладуваат е-автомобилите со поскромен досег.

Вистинската палета на модерни е-возила беше анализирана од две автомобилски институции во Европа и САД, секоја за својот пазар. Во Европа тоа е германскиот „ADAC“, а во САД – „Car and Driver“.

Во САД во 2021-ва година просечниот домет на електричните возила бил 217 милји или 350 километри, што е значително помалку од досегот на просечен бензински автомобил на тој пазар, кој таа година изнесувал 413 милји или 665 километри.

Благодарение на развојот на технологијата, просечниот опсег на возење на електричен автомобил во САД оваа година е 300 милји или 480 километри, а најдобрите се приближуваат до магичната вредност од илјада километри.

Најиздржливиот на американскиот пазар во моментов е „Lucid Air“ од 138.000 долари со 516 милји или 830 километри. Следува „Tesla S“ со 652 km, кој во САД чини 85.000 долари. „Hyundai Ioniq 6“ има автономија од 581 km и чини 55.990 долари.

Зад него доаѓаат „Tesla 3“ со 576 km, „Mercedes Benz EQS“ со 563 km домет и два модели на „Tesla“ – „Model X“ со 560 km и „Model Y“ со 531 km.

„GMC Hummer EV Pickup“ може да достигне 529 km со едно полнење, „Rivian R1T“ достигнува 528 km, а „BMW iX“ ја заокружува топ-10 со автономија од 521 km.

„ADAC“ пресметал дека во Европа „Tesla X 100D“ има најголем реален домет од 451 km, а по него е неговиот „брат“ – „Tesla Model 3 Long Range AWD“ со 429 km.

Во реалноста, „Porsche Taycan“ може да достигне 400 km и „Kia e-Niro“ е приближно еквивалентно на тоа.

„Audi e-tron Sportback“ поминува 390 километри со едно полнење, исто како и „Kia e-Soul“.

„Hyundai Kona“ поминува 379 km, а на „Jaguar i-Pace“ дометот е 366 km.

„Renault Zoe“ во зависност од моделот поминува од 243 до 335 km, „Peugeot e-2008 GT“ поминува 260 km, а „VW e-Up!“ до 220 км.

По нив следат „Mini Cooper SE“, „Nissan Leaf“ и „Nissan e-NV 200“ кои имаат автономија од 200 километри или помалку, а на крајот на листата е „Smart ForFour EQ“, кој според анализата на „ADAC“, има опсег од само 100 километри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП