6 мај, 2024
ПочетнаСВЕТЏорџ Сорос го препушти управувањето со фондацијата на својот син Александар

Џорџ Сорос го препушти управувањето со фондацијата на својот син Александар

Американскиот милијардер Џорџ Сорос (92) му го предаде раководството на својата Фондација Отворено општество на својот син Александар Сорос, објави Гардијан.

Џорџ Сорос, кој заработи милијарда долари „обложувајќи“ сe против британската фунта, претходно изјави дека не сака ниту едно од неговите пет деца да ја преземе неговата фондација.

Сепак, тој го назначи Александар за директор на една од најбогатите филантропски фондации во светот.

„Тој тоа го заслужи“, изјави Сорос, чие богатство се проценува на 6,7 милијарди долари.

37-годишниот Александар, кој беше ангажиран во фондацијата уште во декември, во интервју за „Волстрит журнал“ изјави дека е „повеќе вклучен во политиката“ од неговиот татко и дека планира да продолжи да донира семејни пари за левичарските кандидати во САД.

Неговиот татко е еден од најголемите донатори на демократските кандидати во американската политика.

Александар, кој твитна фотографија со американскиот потпретседател Камала Харис претходно оваа недела, сега води политичка кампања како претседател на политичкиот комитет на неговиот татко.

Фондацијата, каде Александар ја извршуваше функцијата потпретседател од 2017 година, насочува околу 1,5 милијарди долари годишно на групи кои ги поддржуваат човековите права и градењето демократија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП