Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска на состанокот во Сочи дека Русија ќе започне со распоредување на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија откако објектите ќе бидат подготвени за тоа на 7 и 8 јули, пренесува Ројтерс.
„Значи, сè оди според планот, сè е стабилно“, рече Путин, според соопштението од Кремљ.

