3 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАГраѓаните на Косово и Албанија ќе се лекуваат по исти цени како...

Граѓаните на Косово и Албанија ќе се лекуваат по исти цени како и македонските, не биле странци тука, вели Меџити

Граѓаните на Косово и Албанија ќе се лекуваат со исти цени како и граѓаните на Македонија, рече министерот Меџити.

„Косовските граѓани плаќаа двојни цени и тоа само во јавното здравство, а не во приватното. Дадовме наредба од Министерството за здравство ова да се израмни и да има исти цени како за државата, бидејќи всушност не доаѓаат странци во Македонија, тие се од Косово, особено за здравствени потреби. Презедов мерки и за граѓаните од Албанија кои доаѓаат и ги посетуваат болниците во Охридскиот регион“, изјави министерот за здравство Фатмир Меџити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП