3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБритански „Telegraph“ добива нов сопственик

Британски „Telegraph“ добива нов сопственик

Весникарската групацијa „Telegraph Media Group“ е ставена на продажба. Откако претходните сопственици – семејството Баркли не успеаја да постигнат договор со „Lloyds Bank“ за отплата на стариот заем, наводно вреден околу 1 милијарда фунти, адвокатската фирма „Alix Partners“ назначена од примачот има намера да објави на медиумите компанија која ги вклучува дневниот весник „The Telegraph“ и конзервативното списание „The Spectator“, за присилна продажба, пишува германски „Handelsblatt“.

Во средата попладне, „Alix Partners“ соопшти дека биле иницирани промени во одборите на одредени подружници на „B.UK Limited“, вклучувајќи ги „TMG“ и „The Spectator“, „за да се обезбеди контрола на средствата… и да се олесни решавањето на проблемот што може да вклучува продажбата на бизнисите „Telegraph“ и „Spectator“. Британските медиуми тврдат дека Ејдан Баркли веќе е сменет како член на управниот одбор на групацијата.

Тоа значи дека еден од најважните конзервативни гласови во британскиот печатен пејзаж се менува. Браќата Фредерик и Дејвид Баркли ја презедоа групацијата во 2004-та година од американскиот издавач „Hollinger International“ за околу 1,5 милијарди евра. Тогаш интерес за „Telegraph Group“ покажа и германскиот медиумски концерн „Axel Springer“. Остатокот од заемот што го подигна „Barclays“ за купувањето подоцна заврши кај „Lloyds Bank“, која сега бара да се врати.

Групацијата на весници последен пат беше контролирана од бермудската компанија „B.UK“, која беше принудена да прогласи банкрот на инсистирање на банкарите.

Се вели дека „Lloyds“ веќе го отпишал неподмирениот заем и затоа може да ги резервира приходите од продажбата како извонредна добивка. Аналитичарите ја проценуваат вредноста на групата весници меѓу 500 и 700 милиони фунти.

Во Лондон како можни заинтересирани се споменуваат инвеститори од арапскиот свет, но и британската медиумска групација „DMGT“ со изданија како „Daily Mai“. „Springer“ исто така би можел да направи уште еден потег. Медиумскиот претприемач Руперт Мардок, исто така, се вели дека е заинтересиран за влијателниот магазин „The Spectator“.

Семејните расправии го предизвикаа колапсот

Од смртта на Дејвид Баркли во 2021-ва година, семејството Баркли беше потресено од постојани контроверзии.

„Споредните заеми се однесуваат на сопственичката структура на медиумските средства на семејството“, рече портпаролот на семејството Баркли, тие на никаков начин не влијаат на работењето или финансиската стабилност на „TMG“.

Во последната финансиска година, „Telegraph Media Group“ имаше приходи од 245 милиони фунти, со добивка пред оданочување од нешто под 30 милиони фунти. И двата показатели се значително повисоки во однос на претходната година. „The Telegraph“, заедно со „Sunday Telegraph“ има повеќе од 750.000 претплатници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП