3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се откажеме од евтиниот руски гас за да бидеме во тек...

Ќе се откажеме од евтиниот руски гас за да бидеме во тек со санкциите кон Русија?

Што ќе се случи ако земјава ги послуша советите од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која побара од нас да се откажеме од руските енергенси и да купуваме од поскапите алтернативни извори на снабдување?

Според домашните експерти за економија и за енергетика, таквиот потег би бил погубен за македонската економија, бидејќи, како што велат, Македонија нема сопствени извори за фосилни горива, ниту, пак, има економска моќ да бира од кого, од каде и за колку пари да купува енергенси.
Експертите со коишто разговаравме велат дека земјава треба да повлече линија и да направи јасна дистинкција помеѓу економијата и политиката.

-Без разлика на тоа што го кажува почитуваната претседателка на Европската комисија, но наместо да ѝ угодуваме, македонската Влада сепак треба да го избере економскиот интерес на државата пред политичкиот. Оти ова е многу сериозна работа и постои реална можност во иднина да се доведеме во состојба да не можеме да ја платиме цената на поскапите енергенси. А тогаш, Господ нека ни биде напомош. Затоа, да бидеме одмерени и паметно да одиграме. Не е добро да прифаќаме сѐ што се бара од нас, особено ако тоа е на наша штета – коментираат експертите.

Од Владата, пак, и покрај сите предупредувања од истакнати експерти за економија и за енергетика, се правдаат дека се обиделе да ѝ ја исполнат желбата на Урсула, но не успеале целосно во намерата.

-Во изминатиот период се направени сите потребни активности за замена на руските енергенси со другите енергенси преку либерализација на пазарот на природен гас, но сепак, не успеавме целосно во намерата поради други прилчини, а не затоа што не сме сакале тоа да се случи. Добро е да се каже дека за првпат оваа година на нашиот пазар се троши природен гас којшто користи различни извори од рускиот природен гас. Но, за целосно да се тргне оваа зависност потребно е да се реши проблемот во Бугарија каде што „Гаспром“ има резервирано целосен капацитет за пренос во мрежата – велат од Владата.

За потсетување, Владата уште лани прифати да ја намали зависноста на земјава од рускиот гас и прифати да бидеме дел од санкциите против Русија како одговор на воената инвазија врз Украина.

Б.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП