Neuralink, старт-ап компанија за производство на импланти кои се вградени во мозокот во сопственост на Илон Маск, достигна вредност од околу пет милијарди евра, во споредба со две милијарди што вредеше пред две години. Пресметката е направена врз основа на приватни трансакции на акциите на компанијата.
Инвеститорите се заинтересираа за акциите на Neuralink откако компанијата на 25 мај објави дека добила дозвола од американските регулатори да ги тестира чиповите на луѓе, пренесува Reuters. Сепак, експертите проценуваат дека може да поминат неколку години пред Neuralink да добие дозвола за комерцијална употреба на чиповите.

