14 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗŠkoda Rapid Spaceback наскоро во салоните

Škoda Rapid Spaceback наскоро во салоните

rapid

„Škoda“ на франкфуртскиот авто-саем го претстави моделот „Rapid Spaceback“, кој на европскиот пазар ќе се појави овој месец. Погледнете кои се адутите на овој автомобил.

„Rapid“ е дизајниран да ја пополни празнината во флотата на „Škodа“ меѓу моделите „Fabia“ и „Octavia“, a „Spaceback“ е неговата најнова верзија. Станува збор за возило кое по конструкција е сместено во сегментот меѓу класичниот хечбек и караван.

Притоа во однос на хечбек варијантата има повеќе простор, а во споредба со караванот, хармонични пропорции.

rapid 11

„Spaceback“ е пократок од стандардниот „Rapid“ за 18 cm, додека е задржано истото меѓуосовинско растојание од 2.602 mm. Поради тоа во „Škodа“ тврдат дека на патниците на задните седишта нема да им биде скратен просторот кој го поседува подолгата верзија.

Сепак, скратувањето се одрази на обемеот на багажниот простор кој кај моделот „Spaceback“ изнесува oд 415 дo 1.380 литри, во зависност дали задните седишта се спуштени или подигнати.

Погледнете го промотивното видео на моделот „Rapid Spaceback“:

Кога ќе пристигне во продажните салони, „Rapid Spaceback“ ќе биде достапен во верзии со четири бензински и два дизел мотори. Основниот бензински трицилиндричен мотор е 1.2 литарски MPI со 75 ks, нешто помоќниот е 1.2 литарски TSI во варијанта со 85 ks и 105 ks, додека најмоќниот е 1.4 литарски TSI со 122 ks.

rapid 2

Кај дизел моторите во понудата се TDI агрегати со зафатнина од 1.6 литри во верзии од 90 и 105 ks.

Сите агрегати се достапни и во економичната „GreenLine“ верзија, а меѓу нив се истакнува основниот дизел мотор чија фабричка просечна потрошувачка е 3,8 l/100 km, со емисија на CO2 од 99 g/km.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП