Со громогласен аплауз беше поздравена ослободителната пресуда за тетовскиот доктор Бобан Вучевски, обвинет за пожарот во тетовската модуларна болница. Според него, ова е праведно. Посочи дека сега ќе биде уште повеќе со граѓаните и пациентите.
„Ослободителна пресуда за мене. Голема благодарност за сите пријатели кои не дозволија да останам сам. Благодарност до адвокатскиот тим кој ме поддржуваше и ми даде сила да го спроведеме овој процес како што треба. Благодарност за правдата што излезе дека јас како доктор сум бил со вас, а сега уште повеќе ќе бидам со вас“, рече Бобан Вучевски.

