Брендот Имлек Протеин помогна за одржување на уште еден спортски настан, „Охрид трчат“ и со тоа овозможи 1930 учесници на најпознатата охридска трка да постигнат уште подобри резултати надополнувајќи ја нивната енергија со протеински шејкови и пудинзи. Спортскиот и натпреварувачкиот дух беше поттикнат од Имлек Протеин спортската зона каде учесниците си ја обновуваа енергијата, а поддржувачите и навивачите се забавуваа и релаксираа. Додека пак за оние кои и самите имаа натпреварувачки дух, можеа да се натпреваруваат во забавни игри, а Имлек протеин ги мотивираше со подароци.

Брендот Имлек протеин ја дава поддршката и помошта за одржување спортски настани, токму заради поврзаноста на протеините и физичката активност како и нивната функција во нашето тело. Протеините имаат клучна улога во градење и регенерирање на ткивата и мускулите, посебно по интензивна физичка активност кога внесувањето протеини помага за градење здрава и квалитетна мускулна маса. Нивното редовно и оптимално внесување е важно затоа што, за разлика од мастите и јаглехидратите, телото не чува резерви протеини кои би се користеле во случај кога има дополнителна потреба од нив.



