14 октомври, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Microsoft“ отстранува важна карактеристика од „Windows“

„Microsoft“ отстранува важна карактеристика од „Windows“

Ако сè уште го користите дигиталниот асистент на „Microsoft“ – „Cortana“ како апликација за „Windows“, има лоши вести. „Microsoft“ објави дека поддршката за апликацијата ќе заврши некаде пред крајот на 2023-та година.

Крајот на апликацијата „Windows Cortana“ беше откриен преку белешка за поддршка на веб-страницата на „Microsoft“. Веб-страницата не понуди точен датум во 2023-та година кога ќе заврши поддршката за апликацијата. Се сугерира дека „Cortana“ ќе продолжи да биде дигитален асистент за „Outlook“ на мобилни апликации. Ќе биде достапен и во „Microsoft Teams“ на телефони, на екранот и во просториите на „Teams“.

Страницата за поддршка прилично јасно покажува дека „Microsoft“ се оддалечува од дигиталните асистенти како „Cortana“ во корист на асистентите за вештачка интелигенција како „Bing Chat“, „Microsoft 365 Copilot“ и неодамна објавениот „Windows Copilot“. Исто така, ја споменува карактеристиката на интегриран гласовен пристап во системот „Windows 11“ како алтернатива на „Cortana“.

„Microsoft“ првпат го објави дигиталниот асистент „Cortana“ во 2014-та година како начин да се натпреварува со виртуелниот асистент на „Apple“ за „iOS“, „Siri“. Сепак, „Cortana“ никогаш не полета, а во 2021-ва година поддршката за „iOS“ и „Android“ апликациите беше прекината.

Откако „Microsoft“ сега ги турка сите картички на вештачката интелигенција, дури и неговиот извршен директор Сатја Надела во март призна дека виртуелните асистенти како „Cortana“ се ќорсокак. Во интервју за Фајненшл Тајмс, тој изјави: „Сите беа неми како карпа“. За „Cortana“, тој додаде: „Имавме производ што требаше да биде нов интерфејс за многу апликации што не функционираа“.

Надела и остатокот од „Microsoft“ јасно веруваат дека асистентите со вештачка интелигенција, како што се „Bing Chat“ и неговите „Copilot“ услуги, ќе ги извршуваат работите што „Cortana“ требаше да ги направи. Дали тоа предвидување ќе биде точно, останува на времето да покаже.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП