28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВАЖНА Е БРЗА РЕАКЦИЈА: Кои се симптомите на воспалено слепо црево?

ВАЖНА Е БРЗА РЕАКЦИЈА: Кои се симптомите на воспалено слепо црево?

Оваа состојба може да биде исклучително опасна.

Доколку чувствувате силна болка на десната страна на долниот дел на стомакот, најверојатно имате воспалено слепо црево. Сепак, оваа болка кај повеќето луѓе се јавува околу папокот и постепено се поместува на десната страна и станува посилна.

Иако секој може да има воспалено слепо црево, овој здравствен проблем најчесто се јавува кај луѓе на возраст од 10 до 30 години. Неговиот третман обично бара хируршко отстранување.

Покрај болката околу папокот и на десната страна на долниот дел на стомакот, има и некои други симптоми кои може да укажуваат на тоа дека имате воспалено слепо црево. Тоа е болка која се влошува ако кашлате, одите или правите други остри движења, гадење придружено со повраќање, губење на апетит, треска, надуеност и запек.

Локацијата на болката може да варира во зависност од возраста и положбата на слепото црево. Кај трудниците, болката може да изгледа како да доаѓа од горниот дел на абдоменот, бидејќи цекумот за време на бременоста е малку повисок од вообичаеното.

Доколку почувствувате некој од овие симптоми, задолжително посетете лекар за да утврдите дали се работи за воспалено слепо црево.

Оваа состојба може да биде исклучително опасна, бидејќи бактериите се размножуваат побрзо и доколку не реагирате навреме, може да пукне и да предизвика сериозни проблеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП