По неколкунеделна политичка битка, Џо Бајден во саботата потпиша закон со кој се елиминира ризикот САД да не ги исполнат своите финансиски обврски, објави Белата куќа.
Оваа недела, Конгресот на САД одобри текст со кој се овозможува укинување на плафонот на јавниот долг на САД до јануари 2025 година и поставува одредени буџетски цели.
Претседателот им се заблагодари на конгресните лидери, вклучувајќи го и републиканскиот лидер Кевин Мекарти, за нивната „соработка“ во донесувањето на законот, се вели во соопштението од Белата куќа во саботата.
Без тој закон, кој во четвртокот го потврди демократското мнозинство и во средата Претставничкиот дом со републиканското мнозинство, земјата веќе би била во ситуација да не може да ги врати долговите во понеделник на 5 јуни.
„Ништо не би било понеодговорно и попогубно“, рече американскиот претседател во петокот во официјалното обраќање од Овалната соба.
„Тешко е да се постигне консензус со надминување на партиските поделби. Единството е тешко. Но, никогаш не смееме да се откажеме од обидите“, додаде тој со помирувачкиот тон со кој го започна својот мандат и кој ја одбележа неговата кампања за изборите во 2024 година.