6 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАСе одржа МЕФ форум: „Енергетска трансформација преку локална климатска акција“ 

Се одржа МЕФ форум: „Енергетска трансформација преку локална климатска акција“ 

На годинешниот МЕФ форум кој се одржа на 30 и 31 мај, 2023 во Double Tree by Hilton во Скопје, панелот на тема: „Енергетска трансформација преку локална климатска акција“ беше организиран во соработка со Еко Свест.

Воведните поздравни говори на заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, д-р Христина Оџаклиеска и раководител на секторот за развојна соработка при Шведската амбасада во РСМ, г. Микаил Атерхог, ја најавија дискусијата која го задржа и предизвика вниманието на присутните, особено поради нејзината актуелност и условите на комплексни предизвици. 

Она што го заклучивме заедно со останатите учесници-панелисти е дека политиките за клима и енергија е неопходно да се носат на транспарентен начин, што подразбира широки консултации со чинителите уште во најраните фази на процесите. Во процесот на консултации потребно е да бидат вклучени сите заинтересирани страни, почнувајќи од носителите на законско-правните рамки, административните капацитети, експертите, научната заедница како и јавниот и невладиниот сектор, бидејќи факт е дека секој од свој аспект може да се вложи во креирањето на овие политики.

Општините, односно локалната самоуправа, се уште еден важен сегмент од овој комплексен процес. Тие мора да бидат вклучени во истиот, нивниот глас треба да биде слушнат кога станува збор за носење на стратешки документи за енергија и клима. Овој баланс може да биде постигнат само со добра комуникација и соработка помеѓу централните и локалните власти, со граѓанскиот сектор како неопходна нишка меѓу двете.

Паметното енергетско планирање е алатка која го помагапроизводството на енергија од обновливи извори и ги штитиприродните богатства, со цел спречување на каква билоштета врз локалните заедници и богатата биолошкаразновидност на земјата. Многу пати претходно имаменапоменато, а овој панел не беше исклучок, декаискористувањето на енергијата на сонцето и ветерот какообновливи извори, е поставено како амбициозна цел прикреирањето на Националниот план за енергија и клима(NECP).

Крајниот заклучок е дека имаме доволно финансии заспроведување на мерките за енергетска ефикасност, нопотребно е планирање и зајакнување на капацитетите на општините со цел нивно искористување. Тие мора да бидат интегрирани во процесот на енергетското планирањедоколку сакаме да видиме реални резултати во поглед на одржливиот енергетски развој на земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП