3 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија: Годишната стапка на инфлација падна на 6,1 отсто во мај

Германија: Годишната стапка на инфлација падна на 6,1 отсто во мај

Според прелиминарните резултати, годишната стапка на инфлација во Германија паднала на 6,1 отсто во мај од 7,2 отсто во април, објави денеска германската федерална статистичка служба Дестатис.

Пазарите прогнозираа годишна мајска инфлација од 6,5 отсто, така што резултатот е подобар од очекуваниот.

За пониската стапка на инфлација во Германија, пред се, придонесе побавниот раст на цените на енергијата – за 2,6 отсто во однос на априлските 6,8 отсто.

Овој резултат беше делумно под влијание на ефектот на високата основа, бидејќи цените на енергијата беа високи пред една година, според веб-страницата Дестатис.

Во мај, растот на цените на храната на годишно ниво забави – за 14,9 отсто во однос на априлските 17,2 отсто, како и растот на цените на услугите – за 4,5 отсто во однос на априлските 4,7 отсто.

На месечна основа, германската инфлација во мај е за 0,1 отсто пониска отколку во април.

Конечните резултати за мај ќе бидат објавени на 13 јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП