20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Nvidia“ е новата компанија со вредност од 1 трилион долари

„Nvidia“ е новата компанија со вредност од 1 трилион долари

„Nvidia Corp“ стана првиот производител на чипови што достигна пазарна вредност од 1 трилион долари во услови на возбуда за технологиите за вештачка интелигенција (ВИ), пишува „Bloomberg“.

Акциите на компанијата поскапеа за 5,5% во вторникот до цена од 410,88 долари и пазарна капитализација од 1,01 трилион долари. Од почетокот на годинава цената на акциите е зголемена за 180%. За споредба, полупроводничкиот индекс – „Philadelphia Stock Exchange Semiconductor Index“ е зголемен за 41% во 2023-та година, достигнувајќи ја својата највисока дневна вредност од февруари 2022-ра година во понеделникот.

„Nvidia“ ги надмина другите полупроводнички компании како најголем производител на многу потребната технологија за производство на производи со вештачка интелигенција – една од најголемите инвестициски теми на Вол Стрит.

Производителот не само што успеа да ги засени перформансите на другите компании во специјализираниот индекс – тој имаше приближно двојно подобро од следниот „Advanced Micro Devices Inc.“ (93%), но и успеа значително да ги надмине по големина. Втората по големина компонента во мерачот е „Taiwan Semiconductor Manufacturing“ со пазарна вредност од над 530 милијарди долари. На трето место е „Broadcom“ со нешто повеќе од 360 милијарди долари.

Помалку од десет компании успеаја воопшто да го надминат прагот од 1 трилион долар пазарно вреднување. „Nvidia“ им се придружува на „Alphabet“ и „Amazon.com“ меѓу американските компании кои моментално го надминуваат тој праг. И „Apple“ и „Microsoft“ се проценети на над 2 трилиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП