25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОва се најпопуларните телефони од високата класа во првиот квартал

Ова се најпопуларните телефони од високата класа во првиот квартал

Индустријата за паметни телефони моментално е во пад во однос на вкупната испорака на уреди, со двоцифрен пад во споредба со минатата година. Но, се покажа дека сегментот на телефони од високата класа (500 долари/465 евра и повеќе) го намали тој тренд.

Компанијата за следење на технолошкиот пазар „Canalys“ откри дека сегментот „висока класа“ пораснал за 4,7% во споредба со минатата година.

„Canalys“, исто така, објави листа на топ 15 најпопуларни премиум телефони врз основа на резултатите од испораката на мало.

На листата доминираат „iPhone“ и „Samsung“

Очекувано, уредите на „Apple“ го зазедоа првото место, па така „iPhone 14 Pro Max“, „iPhone 14 Pro“, „iPhone 14“ и „iPhone 13“ се најдоа на прво, второ, трето и четврто место. Другите два модели на „iPhone“ – „iPhone 14 Plus“ (шесто) и „iPhone“ 12 (осмо) – го заокружија придонесот на „Apple“.

„Samsung“ се претстави исто толку добро во овој сегмент, како и „Apple“ со шест уреди. Најзначајно, „Galaxy S23 Ultra“ го зазеде петтото место, победувајќи го „iPhone 14 Plus“. Друг значаен влез беше „Galaxy Z Flip 4“, кој заврши на десеттото место и исто така е единствениот телефон што се преклопува на листата. „Galaxy S23“ (седмо), „Galaxy S23 Plus“ (деветто), „Galaxy S22“ (12-то) и „Galaxy S21 FE“ (15-то) исто така се најдоа на првите 15.

Конечно, „Xiaomi 13“ (13-то) и „Huawei Mate 50“ (14-то) беа единствените телефони кои не се од „Apple“ или „Samsung“ на оваа листа на најдобри водечки телефони во првиот кварал од 2023-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП