На 9 јуни 2023 година љубителите на кулинарските специјалитети ќе имаат можност да уживаат во прекрасниот избор на јадења од српската национална кујна. По организацијата на „Денови на турската кујна“ и „Аргентинска вечер“, Limak Skopje Luxury Hotel овој пат ги претставува традиционалните вкусови на српската кујна.
За автентичноста на специјалитетите што ќе бидат претставени се задолжени главниот готвач на хотелот и неговиот тим, а секое јадење ќе биде придружено со далеку познатата српска ракија, како и српски вина. Дел од специјално подготвеното мени се предјадењата како гибаница со сирење, кајмак, чварки, залучени пиперки, сарма од кисела зелка и Караѓорѓева шницла, додека главното јадење го сочинуваат печено прасечко и уштипци. Десертот е Васина торта во комбинација со српски ликер од орев.

