20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтранските компании за една година од Русија повлекле 33,6 милијарди евра

Странските компании за една година од Русија повлекле 33,6 милијарди евра

Странските компании кои ја напуштиле Русија за една година, до март годинава, од таа земја повлекле 33,6 милијарди евра.

Според податоците на Централната банка на Русија, компаниите кои ја напуштиле Русија извршиле 200 продажби на нивните средства од март 2022-ра година до март оваа година, пренесува РИА Новости.

Само 20 отсто од овие компании продале имот во вредност од над 100 милиони долари или 93,3 милиони евра. Шефот на аналитичкиот оддел на руската банка БКФ, Максим Осадчиј, заклучува дека странските компании за една година повлекле капитал во вредност од 36 милијарди долари или повеќе од 33,6 милијарди евра.

Сепак, многу странски компании кои ја напуштија Русија – ја задржаа можноста да се вратат на рускиот пазар по стабилизирањето на ситуацијата.

„Прво, повеќето такви трансакции (…) подразбираат задржување на потребните лиценци за производство, патенти и права на интелектуална сопственост. Компаниите сè уште се снабдуваат со суровини, материјали и делови. Обезбедена е техничка и материјална помош“, се вели во извештајот, пренесе РИА Новости.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП