18 септември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБил Гејтс влегува во друг бизнис, и тоа со „Rolls-Royce“

Бил Гејтс влегува во друг бизнис, и тоа со „Rolls-Royce“

Компаниите „TerraPower“, основана од ко-основачот на „Microsoft“, Бил Гејтс, и Rolls-Royce, изразија интерес за изградба на мали модуларни реактори (SMR) во Северен Велс.

Мали модуларни реактори се нуклеарни реактори со капацитет до 300 MW, што е околу една третина од капацитетот на класичен нуклеарен реактор. Тие се засновани на модуларна технологија која овозможува сериско производство и брза градба.

Застапниците на оваа технологија тврдат дека веројатноста за прегревање на јадрото на малите нуклеарни реактори е значително помала во споредба со конвенционалните реактори, меѓу другото затоа што нивните мали јадра произведуваат многу помалку топлина од јадрата на конвенционалните реактори.

Иновативните технологии можат да ги намалат и другите инженерски ризици, како што е дефект на пумпата за течноста за ладење.

Развојната компанија „Cwmni Egino“, основана од Владата на Велс, неодамна ја заврши првата фаза од студијата за одржливост на локацијата на деактивираната нуклеарна централа во Траусфинид.

На таа локација планот е да се изградат мали модуларни реактори кои би произведувале вкупно до 1 GW електрична енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП