26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Klarna“ ја преполови загубата

„Klarna“ ја преполови загубата

Шведската компанија „Klarna“ ја преполови загубата во првиот квартал, велејќи дека е на пат да се врати на профитот до крајот на годината.

Некогаш највисоко оценетата приватна технолошка компанија во Европа, „Klarna“ рече дека нејзината нето загуба се намалила на 1,3 милијарди шведски круни (120 милиони долари) во кварталот, додека кредитната загуба на групацијата паднала за повеќе од една третина.

Приходите се зголемија за 13 отсто на 4,9 милијарди круни.

„Klarna“ стана симбол на бумот и падот на финантехничкиот сектор кога нејзината вредност падна од 46 милијарди долари на 6,7 милијарди долари минатата година, што ја натера групата да започне со отпуштања и да се раздели со дел од својот персонал.

Основана во 2005-та година, „Klarna“ беше пионер во бизнисот „купи сега, плати подоцна“, дозволувајќи им на клиентите да ги одложат плаќањата или да ги поделат на неколку рати. Популарната форма на кредит беше поттикната од бумот на е-трговија за време на пандемијата на коронавирусот.

Кон крајот на минатата година, извршниот директор Себастијан Семијатковски рече дека очекува „Klarna“ повторно да се врати на профитабилноста во август или септември 2023-та година.

„На пат сме да постигнеме профитабилност оваа година“, коментира тој при објавувањето на финансискиот извештај. Компанијата последен пат пријави годишна заработка во 2018-та година, квартална заработка во К2 во 2019-та година и месечна заработка во август 2020-та година.

Минатата недела, „Klarna“ објави дека работи со „Airbnb“ во САД и Канада, каде што им овозможува на клиентите да ги поделат трошоците за ноќевања во вредност од повеќе од 500 долари на пет плаќања во текот на шест недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП