29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Xiaomi 13 Ultra“ пристигнува во Европа - еве колку ќе чини

„Xiaomi 13 Ultra“ пристигнува во Европа – еве колку ќе чини

„Xiaomi 13 Ultra“ на европскиот пазар ќе чини околу 100 евра повеќе од телефонот „Galaxy S23 Ultra“ на „Samsung“. Дали кинескиот производител ќе го доживее истиот успех во Европа како и неговиот јужнокорејски конкурент, останува да видиме.

Иако минатогодишниот „Ultra“ модел на „Xiaomi“ не беше достапен за купување надвор од Кина, тоа нема да биде случај со овогодинешниот телефон „13 Ultra“. Но, цената што корисниците во Европа ќе треба да ја платат за моментално најсилниот телефон од кинески производител ќе биде многу повисока. Станува збор, имено, за сума од 1.499 евра.

„Можам да ја потврдам цената од 1.499 евра за телефонот „Xiaomi 13 Ultra“ во Европа. Телефонот доаѓа со 12 GB RAM и 512 GB внатрешна меморија“, напиша познатиот дојавувач Шан Агарвал на „Twitter“.

Тој, инаку, е за околу 100 евра поскап од телефонот „Samsung Galaxy S23 Ultra“ во истата конфигурација, но треба да се напомене дека „Xiaomi“ нуди и полнач од 90W и заштитна маска со својот телефон. За потсетување, почетната верзија на телефонот „Xiaomi 13 Ultra“ во Кина чини околу 795 евра.

Заедно со високата цена одат врвните спецификации. „Xiaomi 13 Ultra“ има процесор Qualcomm Snapdragon 8 Gen 2, 6,73-инчен AMOLED екран со резолуција од 3200 x 1440 пиксели и приспособлива брзина на освежување до 120 Hz, батерија од 5.000 mAh со поддршка за полнење од 90 W и 50W безжично полнење.

Најголемата предност на телефонот секако се четирите сензори за камера, сместени под еден вид стаклена купола, односно „Vario-Summicron“ леќата на компанијата „Leica“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП