29 март, 2024
ПочетнаСВЕТПутин испрати писмо до Ердоган: Драг пријателе, честитам!

Путин испрати писмо до Ердоган: Драг пријателе, честитам!

Турција го прими ново/стариот претседател Реџеп Таип Ердоган, а меѓу честитките беше и онаа на рускиот претседател Владимир Путин.

Имено, Путин на Ердоган му испрати писмо во кое му ја честита победата.

Во писмото Путин го нарече Ердоган драг пријател.

„Ве молам прифатете ги моите искрени честитки за вашиот реизбор за претседател. Изборната победа беше природен резултат на вашата несебична работа на чело на Република Турција, јасен доказ за поддршката на турскиот народ за вашите напори за зајакнување на државниот суверенитет и води независна надворешна политика“, се наведува во писмото на Путин.

Тој изјави дека многу го цени личниот придонес на Ердоган за зајакнување на пријателските руско-турски односи и „заемна корисна соработка на различни полиња“.

„Сакам да ја потврдам нашата подготвеност да продолжиме со конструктивен дијалог за актуелните прашања од билатералната, регионалната и меѓународната агенда. Придаваме големо значење на доследно спроведување на планираните заеднички проекти, пред се изградбата на нуклеарната централа Акују и создавањето на гасен центар во Турција“, рече Путин.

„Од срце ви посакувам нови успеси во ваквата одговорна дејност како шеф на државата, како и добро здравје и благосостојба“, напиша претседателот на Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП