20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Chanel“ се обложува на експанзија во Британија

„Chanel“ се обложува на експанзија во Британија

„Chanel“ се обложува повеќе на Британија откако компанијата за луксузни производи ги објави плановите за проширување на своето седиште во Лондон.

Гигантот треба да го удвои својот деловен простор на нов имот на плоштадот Беркли во Мејфер. Потегот на брендот, кој историски се поврзува со Франција, е добра вест за Обединетото Кралство, со оглед на зголемената загриженост за губењето на економската конкурентност по Брегзит, при што неколку компании сепак одлучија да котираат во САД, а производителите се преселија на друго место.

Експанзијата доаѓа откако модната куќа генерира раст од 17% во споредливите продажби за 2022-ра година, при што Европа е во голема мера одговорна за тоа. Стапката на раст се совпаѓа со онаа на конкурентот „LVMH Moet Hennessy Louis Vuitton“, но заостана во однос на перформансите на „Hermes International“. Сепак, растот на профитот на „Chanel“ заостанува зад оној на двајцата конкуренти.

„Задржавме многу добар моментум во 2023-та година, повеќе или помалку на исто ниво“ како и минатата година, рече главниот финансиски директор Филип Блондио. Меѓународното патување се враќа откако Кина и Хонг Конг повторно се отворија, давајќи му на „Chanel“ „голема доверба“ оваа година“, рече тој.

„Chanel“ објави двоцифрен раст на приходите во Кина, а продажбата генерирана од кинеските купувачи во Франција падна за 14 отсто од 2019-та година. Тоа е подобрување во однос на падот од 90 отсто во 2022-ра година во однос на периодот пред пандемијата, а беше поттикната од богатите кинески посетители, посочува Блондио.

Иако побарувачката во САД е ослабена од ноември, приходите од продажба сè уште растат со едноцифрена стапка, додаде тој.

Брендот кој стои зад парфемот „Chanel No. 5“, планира да ги пресели своите тимови во новата зграда во Лондон дизајнирана од „Piercy and Co.“, со идеја дека тоа ќе се случи до крајот на 2025-та година. Претходно оваа недела, „Chanel“ потпиша закуп на новата зграда за следните 20 години со можност за продолжување за уште една деценија.

„Chanel“ го пресели своето глобално седиште од Њујорк во Лондон во 2018-та година. Новиот закуп опфаќа 8.000 квадратни метри на 11 ката. Бројот на вработени на „Chanel“ се зголеми за 12 отсто минатата година на 32.000, со планови за раст од уште 16 отсто оваа година.

Лина Наир, која стана извршен директор на почетокот на 2022-ра година, рече дека „Chanel“ не планира да се огласи. „Ние сме приватна, независна компанија и планираме да останеме така“, рече таа во интервјуто.

Иако со седиште во Британија, врските на „Chanel“ со Париз датираат од раните денови на 20 век. Коко Шанел отвори продавница за капи на улицата Камбон во 1910-та година, пред да отвори уште еден продажен центар на истата улица во 1918-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП