И покрај предупредувањата за злоупотреба на европското знаменце, попладнево Собранието ги изгласа измените на петте закони кои треба да ја олеснат изградбата на коридорите 8 и 10 д кои ќе ги гради американско – турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.
Со европско знаменце, иако не се работи за усогласување со ЕУ-регулатива, се изгласаа измени на Законот за работните односи, на Законот за експропријацијата, на Законот за урбанистичкото планирање, на Законот за градењето и Законот за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на коридорите.

