28 март, 2024
ПочетнаСВЕТМомчето-убиец бара да биде пуштено веднаш: „Кога ќе излезам?“

Момчето-убиец бара да биде пуштено веднаш: „Кога ќе излезам?“

13-годишното момче кое на 3 мај уби осум свои врсници и училишниот чувар, додека деветтото дете почина подоцна во болница како последица на повредите, секојдневно бара да биде пуштено од клиниката, бидејќи, како што пренесуваат српските медиуми, тврди дека „веќе нема причина да остане во болница“. Сепак, шансите тоа да се случи се практично нула.

Момчето убиец за неговото дело е затворено во специјална институција, во изолација. Како што веќе напиша „Блиц“, лекарите му вршат цела низа вештачења и дополнителна дијагностика. Сето ова време, момчето не покажува каење, ладен е и смирен и не барал никого да контактира, пренесува српски „Блиц“.

И претходно поставувало прашања: „Кога ќе излезам?“ и „Какви се последиците од тоа што го направив?“, но во последните неколку дена тој врши притисок врз лекарите да го ослободат.

Лекарите сметаат дека момчето-убиец се уште е опасност за околината и дека постои можност да го повтори истото или слично кривично дело, доколку има можност.

„Никој не може да го исклучи тој огромен ризик“ – вели соговорникот на „Блиц“ кој е запознаен со случајот.

Врз основа на сите информации, експертите цврсто веруваат дека момчето убиец поради некоја причина нема формирана важна компонента на личноста, таканареченото суперего.

Според теоријата на Зигмунд Фројд, основачот на психоанализата, суперегото е етичка компонента на нечија личност која на човекот му дава морални стандарди врз основа на кои тој се однесува. Суперегото се развива најмногу во првите пет години од животот и во тој период детето ги апсорбира моралните стандарди на родителите, традициите на семејството и општеството во кое расте. На тој начин кај него се формира суперего кое ја контролира агресијата и другите општествено непожелни импулси.

Кога детето има соодветно развиено суперего, тој чувствува вина или вознемиреност кога ги прекршува етичките стандарди. Кај момчињата-убијци тоа не постои. Не чувствуваат вина, немаат емоции – ниту позитивно ниту негативно кон пријателите.

Затоа, тој е сосема мирен и не добива ни седативи, бидејќи не му се ни потребни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП