16 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАТелефонот што многумина го чекаат би можел да пристигне порано - еве...

Телефонот што многумина го чекаат би можел да пристигне порано – еве зошто

Веќе некое време се шпекулира за следниот телефон „Samsung Fan Edition“. Тоа ќе биде „Samsung Galaxy S23 FE“, а сега пристигнуваат нови информации за него, кои укажуваат на неговото претстојно претставување.

„Samsung“ досега претстави две генерации „FE“ модели – „Samsung Galaxy S20 FE“ и „Samsung Galaxy S21 FE“. Компанијата го прескокна „Galaxy S22 FE“, па „Galaxy S23 FE“ ќе пристигне оваа година.

Според најновите извештаи, продажбата на серијата „Samsung Galaxy S23“ значително опадна овој месец, а се шпекулира дека продажбата за целиот втор квартал би можела да биде за 20% помала во споредба со продажбата на серијата „Galaxy S22“ во вториот квартал од минатата година. Оваа ситуација би можела да го натера „Samsung“ да ја забрза презентацијата на телефонот „Galaxy S23 FE“.

Најновиот извештај покажува дека „Galaxy S23 FE“ ќе биде лансиран пред преклопливите телефони „Galaxy Z Fold 5“ и „Galaxy Z Flip 5“, иако тоа не беше првичниот план на јужнокорејската компанија. Двата телефони се очекува да бидат претставени во јули или август, што значи дека „Galaxy S23 FE“ би можел да пристигне веќе следниот месец или во јули.

Во однос на спецификациите, овој телефон ќе пристигне со сензор за главна камера од 50 MP, а „GalaxyClub“ известува дека ова би можело да биде истиот сензор од 50MP што го имаат „Samsung Galaxy S22“ и „Samsung Galaxy S23“.

Телефонот треба да пристигне во две опции за меморија – 6 GB или 8 GB RAM и две опции за внатрешна меморија – 128 GB и 256 GB. Претходно беше откриено дека овој телефон треба да се напојува исклучиво од „Exynos 2200“ на „Samsung“, што би било разлика во однос на претходниот „FE“ модел кој пристигна во две верзии – едната со „Exynos“ и другата со „Snapdragon“ процесор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП