25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВнимателно на Волстрит: Сè уште нема договор меѓу Бајден и републиканците

Внимателно на Волстрит: Сè уште нема договор меѓу Бајден и републиканците

На Волстрит во четвртокот индексот S&P 500 порасна, како и индексот Nasdaq, што најмногу се должи на силниот раст на цените на акциите на технолошките компании кои го предводат развојот на вештачката интелигенција. Dow Jones загуби 0,11 отсто, на 32.764 поени, додека S&P 500 порасна за 0,88 отсто, на 4.151 поен, а индексот Nasdaq 1,71 отсто, на 12.698 поени.

Најголем добитник вчера беа акциите на Nvidia, кои пораснаа за 24 проценти до рекордно високо ниво, откако производителот на чипови соопшти дека неговиот квартален приход ќе биде 50 проценти поголем од проценетиот благодарение на големата побарувачка за чипови со вештачка интелигенција (AI).

Благодарение на ова, значително се зголемија цените на акциите на другите технолошки гиганти, кои се водечки во развојот на вештачката интелигенција, како што се Microsoft, Alphabet. Силно пораснаа и цените на акциите на другите производители на чипови, како Micro Devices и Micron Technology, па индексот SE на тој сектор скокна за речиси 7 отсто.

Нема напредок во преговорите меѓу Бајден и републиканците

Тоа е најважната причина за вчерашниот раст на S&P 500 и Nasdaq индексот. Останатите сектори не доживеаја големи промени бидејќи инвеститорите се внимателни, со оглед на тоа што се уште нема напредок во преговорите меѓу претставниците на американскиот претседател Џо Бајден и републиканците за зголемување на горната граница на националното задолжување од 31.400 милијарди долари.

Доколку до 1 април не се постигне договор кој би добил зелено светло во Конгресот, ќе дојде до нарушување во финансирањето на федералните обврски. И на европските берзи вчера паднаа цените на акциите. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,74 отсто, на 7.570 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,31 отсто, на 15.793 поени, а париски CAC за 0,33 отсто, на 7.229 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП