5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалената понуда на нови станови ја зголеми цената на оние кои се...

Намалената понуда на нови станови ја зголеми цената на оние кои се изградени пред 30 години!

Во последниве неколку години најисплатлива инвестиција за граѓаните се недвижностите. Ова го потврдуваат од градежниот сектор од каде за Денар велат дека и покрај растот на цените на станбениот простор кај граѓаните не запира интересот за купување, како на новоизградени станови, така и за старите градби. Новите становите се веќе поскапи за 20 отсто во однос на лани, а градежниците најавуваат дека до крајот на годинава со плус 20 отсто раст на моменталната цена ќе се стави крај на зголемувањето на вредноста на недвижностите. Тоа значи ако стан од новоградба пред кризата изнесуваше 1400 евра за метар квадратен сега  таа цена е повисока за плус 20 до 25 отсто повисока.

Недостатокот на нови станови во атрактивните скопски општини придонесе цената да порасне но и да продолжи да расте до крајот на годинава и тука некаде тој раст на заврши. Ваквата состојба не само што придонесе да нема нов стан по цена пониска од 1200 евра за метар квадратен, туку речиси иста или нешто пониска цена во зависноат од тоа во каква состојба се наоѓа станот се продаваат и становите кои се градени пред 20 па и пред 30 години. Од Здружението за градежништво при стопанската комора објаснуваат дека од почетокот на оваа неколку годишна криза луѓето започнале со купување на станови не само за живеење туку како инвестиција. Градежниците велат дека токму таквата инвестиција дала позитивен резултат, за разлика од други бизниси кои се покажаа како неуспешни.

„Поскапувањето на старите станови е последица на тоа што се случува во градежниот сектор во последниве две години. Но, да бидеме објективни, ова е пазарно општество. Во таква состојба, најголем удел за тоа колку ќе чини еден стан е односот на понудата и побарувачката. Сега ги чувствуваме последиците на мораториумите, периодот во кој не се градеше, и граѓаните добија можност да ги понудат и своите станови на продажба по повисока цена, бидејќи нови нема, или нема доволен број на нови станови“, велат од Здружението на градежници.

Неколкуте кризи кои што ги живее светот во последниве години придонесе на глобално ниво да пораснат цените и на градежните материјали, а со тоа и да се зголеми цената на становите и деловните простории. По неколку години раст на цената, сега граѓаните може да очекуваат стабилизација на цените, но не и намалување, ниту приближно на нивото на кое беа цените на становите пред кризата. Од градежниот сектор велат дека цените на градежните материјали полека се стабилизираат, а и достапноста на дел од суровините и материјалите кои последниве години беа тешко достапни сега се подостапни.

Од градежниот сектор објаснуваат дека како мала држава, како мал пазар или уште помала економија Македонија на тие големи глобални списоци се наоѓа на последните места во време кога има голем дефицит на материјали, а особено кога добар дел од фабриките се затворени. Но, сега полека почнува состојбата да се норамлизира и работите да се враќаат под контрола.

„Сега како здружение очекуваме цената на недвижностите да се стабилизира најдоцна до крајот на годината. Енормна разлика во цената на квадратот во одредени општини а особено во оние кои се атрактивни како што се Општините Центар, Карпош и Аеродром цените да се стабилизираат и да немаат диапазон од 500 евра разлика како што е сега. Сега може да најдете стан во Ценар кој чини 1600 или 1700 евра квадрат, но може да најдете и станови кои денеска се нудат и породаваат по 2500 евра за метар квадратен. Таа голема разлика може да се објасни само доколку станува збор споредба на висок квалитет на градба со нормален квалитет или вообичаен, но тоа во моментот не се случува“, додаваат градежниците.

Податоците на градежниците се дека во 2021 година биле предвидени да се градат 11 илјади станови, во 2022 година биле предвидени седум, тоа значи дека има намалување за 17 отсто. Што се однесува на податоците од пописот, дури една третина од становите се празни, односно никој не живее во нив. Најмногу празни станови има во Центар и тоа 40 отсто од вкупниот број на станови, а најмалку празни пак од скопските општини се на територија на Чаир. Информациите од агенциите за недвижности пак велат дека енормно е зголемена побарувачката на станови во Охрид, Струга и во останатите туристички центри низ републикава, а особено во последниве две години кога граѓаните увидоа дека е потребна недвижност во некое туристичко место во време на пандемија.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП