Од Јавното сообраќајно претпријатије Скопје (ЈСП) информираaт дека во јавниот превоз се враќаат 105 приватни автобуси. Скопјани ќе можат да се возат на линиите , 23, 45, 61, 63, 73, 9, 11, 11A, 12, 47A, 55, 19, 20, 22, 52 и 54.
Од ЈСП соопштија дека на 23 мај директорот на ова јавно претпријатие потпишал договор со приватните превозници и тие од утре ќе сообраќаат по скопските улици, со модерни автобуси, кои ги исполнуваат еколошките стандарди.

