Скопјанец на социјалните мрежи го сподели своето искуство со изнамување на тротинет во Скопје. Тој предупреди што се случува кога ќе сакате да го прекинете возењето. Вели дека и покрај тоа што стиснал крај на апликацијата, тоа било регистрирано, но сепак продолжило да одбројува и да наплаќа. Поради тоа морал онлајн да се жали и да се објаснува со часови, со Help центарот, на англиски или турски јазик.
„Во меѓувреме апликацијата си брои пари. Не е важно што тротинетот си го заклучил и оставил, а во меѓувреме можеби друг го превземал. Ти се мачиш со апликацијата, кај тебе стои активен кодот и иако го гледаш како заклучен, веќе некој друг може да го изнајми и да си го вози што всушност синоќа и се случи. Тебе важно сеуште ти брои пари односно апликацијата бидејќи има активна сесија која не можеш да ја прекинеш истата симулира дека го возиш. Полиција не може да ти помогне (и тоа го пробавме) бидејќи немаат никаков контакт со тоа. Реално се сложувам дека не е во нивна надлежност ниту пак се запознаени со некаква процедура врзана за ова“, вели тој.

