Apple им забрани на своите вработени да користат ChatGPT, најмногу поради стравот од протекување на чувствителните податоци на компанијата и фактот дека споменатиот четбот се повеќе се интегрира во алатките на Microsoft, пишува The Wall Street Journal.
Иако оваа вест доаѓа сосема ненадејно, тоа не е толку необично. Имено, репортерот и аналитичар на Блумберг, Марк Гурман, неодамна на Твитер објави дека ChatGPT со месеци е на списокот со ограничен софтвер на Apple.

