28 март, 2024
ПочетнаСВЕТУште една мистериозна смрт во Русија: Заменик министерот ја критикуваше војната во...

Уште една мистериозна смрт во Русија: Заменик министерот ја критикуваше војната во Украина, а потоа почина на летот додека се враќаше дома

Рускиот заменик министер за наука Пјотр Кучеренко почина неколку месеци откако беше објавено дека во приватни разговори ја критикувал инвазијата на Украина.

На Кучеренко (46) му се слошило во саботата додека се враќал од Куба, соопшти во неделата Министерството за наука и високо образование. Летот принудно слета во јужна Русија, но лекарите не успеаја да го спасат службеникот.

Семејството на Кучеренко ја поврза неговата смрт со срцеви заболувања, но одби да даде детали во очекување на вештачењето, објави државната телевизија Звезда.

Роман Супер, наградуван независен новинар и документарен режисер, рече дека разговарал со Кучеренко во кабинетот на министерот „неколку дена“ пред новинарот да ја напушти Русија по инвазијата на Украина минатата година, објави „Москва тајмс“.

Двајцата, наводно, разговарале за плановите за преселување на Супер, неможноста на Кучеренко да ја напушти Русија и неговото противење на инвазијата на Москва.

„Невозможно е да ја напуштам Русија, ни ги одземаат пасошите. Никој во светот не би бил среќен да види руски заменик министер по оваа фашистичка инвазија“, се сеќава Супер.

Според неговата изјава, Кучеренко тврдел дека земал „антидепресиви и лекови за смирување истовремено“.

„Тоа навистина не помага. Не спијам многу. Се чувствувам ужасно. Сите сме заложници. Никој не може да ѕирне. Не можете да го замислите степенот на брутализација на нашата земја. Нема ни да ја препознаете Русија за една година“, изјави тогаш рускиот функционер.

Кучеренко ги остави сопругата, поп-пејачката Дијана Гурцкаја и нивниот син тинејџер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП