Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2023 година, во однос на март 2022 година, изнесува 112.4.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (19.8 %), Образование (15.0 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (14.9 %).

