2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајголемиот камион-кипер на светот

Најголемиот камион-кипер на светот

belaz

Пред неколку дена, белорускиот „BelAZ“ претстави камион-кипер со рекордна носивост од дури 450 тона, а за да бидат сигурни со постигнатото, тие ги контактираа луѓето од Гинисовата книга на рекорди.

Досегашниот најголем камион на белоруската фабрика можеше да понесе 360 тона, а машини со ваква носивост произведуваат само пет компании во светот.

„BelAZ-75710“ е тежок 810 тона и на неговите тркала се наоѓаат „tubeless“ „Michelin“ гуми, од кои секоја е тешка осум тона. Максималната брзина изнесува 64 km/h.

Засега не се познати техничките детали на овој навистина монструозен камион, но „BelAZ-75306“, кој е со носивост од 220 тона, може да послужи како споредба.

Овој камион го придвижува мотор со зафатнина од 174.300 кубика со 2300 KS, а има резервоар од 1800 литри. Ваков и тоа како му е потребен, затоа што има потрошувачка од 965 l/100 km ( во работни услови), додека во место троши 30 литри на час.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП