16 април, 2024
ПочетнаСВЕТСамит на Г-7 во Хирошима: Координиран заеднички пристап кон Кина

Самит на Г-7 во Хирошима: Координиран заеднички пристап кон Кина

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека членките на Групата седум (Г7) се согласиле за заеднички пристап кон Кина на состанокот во Хорошима, повикувајќи на диверзификација на синџирите на снабдување со цел да се намали зависноста од кинеските производи, и навести можен разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг наскоро.

„Не сакаме да се оддалечиме од Кина. Сакаме да ги намалиме ризиците и да ги диверзифицираме нашите односи со Кина“, рече Бајден на прес-конференција на последниот ден од самитот на Г7 во Јапонија.

Ваквиот пристап во вчерашното соопштение укажаа и лидерите на седум земји, поради што кинеската амбасада во Јапонија ја повика Г7 да престане да поттикнува конфронтации и поделби.

И покрај тоа, Бајден рече дека очекува односите со Кина да се подобрат „многу брзо“, пренесува Ројтерс, потсетувајќи дека последниот спор меѓу Вашингтон и Пекинг е резултат на инцидентот кога кинески балон беше соборен над територијата на САД откако прелета над неколку воени локации.

„Мораме да имаме отворена телефонска линија“, рече Бајден, истакнувајќи дека минатата година за време на состанокот на Г-20 на Бали се согласил да ја продолжи комуникацијата со Си Џинпинг, но дека околностите се промениле по скандалот со балонот.

Бајден навести дека наскоро би можело да дојде до промена во односите меѓу САД и Кина.

„Во однос на разговорот со нив, мислам дека наскоро ќе го видите тоа подобрување“, рече Бајден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП