20 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПодгответе ги нервите, реклами од 30 секунди на „YouTube“ што не може...

Подгответе ги нервите, реклами од 30 секунди на „YouTube“ што не може да се прекинат

Дали сте фрустрирани со количината на реклами на платформата „YouTube“? Подгответе се за нова рунда фрустрации бидејќи на екраните пристигнуваат полуминутни реклами кои нема да можат да бидат прекинати.

„YouTube“ најави дека наскоро ќе воведе нов вид на рекламирање на својата платформа. Тие ќе бидат полуминутни реклами без можност за прекин. За ваша среќа или за жал, овие видови реклами засега ќе се применуваат само на апликацијата „YouTube“ за телевизори.

Исто така, беше откриено дека „YouTube“ експериментира со воведување реклами кои би се појавиле кога видео содржината е паузирана. Засега не се знае дали ќе се работи за „тивки“ реклами или ќе треба да се исклучи звукот за тишина на паузата.

Што се однесува до решенијата за блокирање реклами, „YouTube“ истражува како да го блокира тоа блокирање на реклами. Поконкретно, во иднина „YouTube“ би можел да ја блокира репродукцијата на содржината на својата платформа доколку открие дека гледачите користат алатки за блокирање реклами.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП