5 мај, 2024
ПочетнаСВЕТГерманија го олеснува патот до државјанство

Германија го олеснува патот до државјанство

Германската влада постигна договор за нов закон за државјанство што го олеснува процесот на натурализација. Во исто време, доделувањето државјанство во некои случаи ќе биде целосно исклучено.

Имено, лицата кои извршиле кривични дела мотивирани од антисемитизам, расизам или слични злосторства од омраза нема да можат да добијат пасош.

Новиот предлог закон за државност Министерството за внатрешни работи го подготви во договор со Министерството за правда, дознава dpa.

Дополнителен предуслов за натурализација ќе биде лицето генерално да може да заработува за себе и за своето семејство, без да му се плаќа социјална помош. Исклучоци ќе има и тие ќе се утврдат подоцна.

„Кој ќе стане германски државјанин, се обврзува на животот во нашето слободно и разновидно општество“, рече министерката за внатрешни работи Ненси Фезер. Затоа натурализацијата, додаде таа, е невозможна со расизам, антисемитизам или каков било друг облик на изразување омраза кон другите.

„Нема толеранција. Секој што не ги дели нашите вредности не може да стане Германец… Сакаме луѓето кои станаа дел од нашето општество да можат да учествуваат во неговото демократско формирање“, рече Фезер.

Основата на новиот закон е скратување на минималниот период на престој за прием во германско државјанство од осум на пет години. Во случаи на особено успешна интеграција во германското општество, само три години би требало да бидат доволни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП